Пролетта е најубавото годишно време, со широка палета на бои распрскани по површината на земјата, прекрасни мириси на растенија и цветови кои цутат. Во исто време овој период на климатски промени, може да предизвика потешкотии при дишењето и сува кашлица.

Со таа цел ви претставуваме еден ефикасен начин на кој можете да ја ублжите кашлицата, со помош на 2 состојки.

Потребно:

  • 1-2 листови зелка
  • мед

Во длабок сад со топла вода се потопува еден лист од зелка. Се остава да омекне и потоа се вади од вода, на едната страна се нанесува мед по целата површина на листот. Така подготвениот лист се покрива со тенка памучна ткаенина, медицинска газа или чиста целофанска ќеса и се поставува на градите навечер пред заспивање, а наутро се отстрануваат.

Истата постапка се повторува се додека не запре кашлицата.