Запрашан дали ја преболел и надминал болката од смртта на принцезата Дијана, принцот Хари одговори: „Мислам дека тоа е нешто како рана, која гние.“

Тој истовремено открива колку важна улога за него имала Африка, за да успее да надмине ужасната болка од смртта на неговата мајка. Принцот од Сасекс ја имаше можност да зачекори по истите стапки низ кои минала принцезата Дијана, за време на неговиот престој таму.

„Беше возбудливо да го изминам патот, по кој чекорела мајка ми, 22 години подоцона. Да го завршам започнатото.“- објаснува Хари

Истовремено принцот додава: „Да, тука сум 22 години подоцна, обидувајќи се да го завршам започнатото од неа и сето тоа е премногу емотивно за мене и сето што правам, ме потсеќа на неа. А улогата, работата, медиумите, за жал, постојано ме потсетуваат за лошите моменти од нејзиниот живот.“

Принцот Хари исто така открива дека единствениот и негов најголем страв е неговата сопруга Меган Маркл да не живее под истиот притисок, под кој живееше принцезата Дијана.

„Откако за првпат дојдов овде како мал, обидувајќи се да надминам неописива болка, Африка ме прегрна, овде бев прифатен. И тоа никогаш нема да го заборавам, се чувствувам неверојатно среќен поради истото.“- за крај вели принцот Хари.

Тој заедно со неговата сопруга Мега беа во официјална посета на Африка, при што ја посетија Боцвана, Ангола и Малави.