За арапскиот свет, нејзиниот стил се пркоси со правилата. Но, поранешниот емир на Катар, не само што дозволи неговата сопруга да ја симне бурката, туку и донесува државни одлуки.

Шеика Моза бин Насер ал Миснед е втората од трите жени  на шеикот Хамад бин Калифа ал Тани. Таа е мајка на 7 деца и е една од најдобро облечените жени на оваа планета. Важи за неверојатно силна политичка и модна фигура.

Со својот сопруг се запознала кога имала 18 години, но сепак не брзала да се омажи за истиот. Се запишала на универзитетот во Катар, на насоката за психологија, а потоа своето образование го продолжила на престижните универзитети во САД. Дури потоа тие двајца стапиле во брак.

Нејзиниот сопруг, шеикот Хамад бил тој кој го преобразил Катар во првите водечки сили во секоја област, поткрепен од англосаксонските земји, а покрај него на чело, била токму шеика Моза, образована и модерна дама.

Таа не плени само со својот стил, туку и интелигенцијата и хуманоста, при што е иницјатор на бројни хуманитарни програми со кое им помага на посиромашните девојки да го продолжат образованието.

Препознатлива е и по својот вкус, која ја истакнува нејзината фигура, а на секој настан ги засенува останатите први дами.