Шармантната кралица се појави на свечениот настан по повод 30-годишнината од постоењето на шпанскиот весник Ел Мундо, заедно со нејзиниот сопруг, кралот Фелипе и притоа истата изгледаше едноставно неверојатно.

Таа носеше креација со потпис на дизајнерот Роберто Торета. Фустанот без прерамки и асиметрично деколте, изработен од врвен материјал во моќна црвена боја беше причината зошто убавата кралица го украде погледот на сите присутни во просторијата.

Со модерна фризура и гламурозна шминка, односно во издание во кое поретко јавноста може да ја види Летиција, таа сега повторно воодушеви со нејзиниот беспрекорен изглед.