Познато е дека за време на Ноќ на вештерките децата во Америка одат маскирани од куќа на куќа и собираат слатки во кои подоцна можат да уживаат. Оваа традиција е многу важна за децата, бидејќи нели, не постои дете кое не сака слатки. Актерот Ченинг Татум (Магичниот Мајк), пејачката Пинк и водителот Џими Кимел решиле да се пошегуваат со нивните ќерки и да им кажат дека им ги изеле слатките кои тие „макотрпно“ ги заслужиле. Видеата се на крајот од текстот.

Сите девојчиња реагираат на свој начин. За ќерката на Ченинг ова е вистинска катастрофа, малечкото девојче на Пинк и прилично умно и сфати дека се шегуваат со неа, а додека ќерката на Џими покажа длабока, но „зрела“ разочараност. Емисијата е коментирана од многу родители и иако поголем од родителите сметаат дека ова е само невина шега, одреден дел сметаат дека е безобразно вака да се вознемируваат децата само за забава. Што мислите Вие? Дали би го направиле истото, на пример… за Коледе?

Ќерката на Ченинг Татум

Ќерката на Пинк

Ќерката на Џими Кимел