80-годишната Ајрис Џоунс од В.Британија, се вљуби до уши и се се омажи за 35-годишен Мохамед Ахмед Ибрахим, од Египет, откако го запозна преку социјалната мрежа Фејсбук.

Вљубениот пар дури се обиде да стапи во брак уште при нивната прва средба во Каиро, но наиде на пречка, поради неправилна документација, но потоа се вратија назад и ги исполнија сите барања.

Ајрис е сигурна дека Мохамед има чесни и добри намери со неа и дека бракот не го гледа како лесен пат да стапи во В.Британија или до нејзиното богатство и покрај спротиставувањето на неговото семејство.

“Ако тој се ожени со мене заради моето богатство, ќе биде многу разочаран, бидејќи јас живеам од мојата пензија. Не би го трпела ниту миг да беше така!”- вели Ајрис.

Таа воедно е сопственичка на куќа чија вредност се проценува на 200.000 евра.