Габичните инфекции на ноктите покрај последиците по здравјето, резултира и со непријатни последици во однос на надворешниот изглед.

Отстранувањето на габичките не е толку едноставно, особено кога лекарствата не се ефикасни, а тоа придонесува инфекцијата дополнително да се развие и да создаде повеќе проблеми.

За спас од таа здравствена и непријатна состојба, денес ви претставуваме едно ефикасно и природно решение, кое ќе ви помогне да се ослободите од габичките на нозете засекогаш.

Подготовката на домашниот третман нема да ви одземе многу време, бидејќи истиот се состои од неколку лесни состојки, кои сите ние ги имаме дома во кујна.

Станува збор за оцетот и сода бикарбоната.

По природа, јаболковиот оцет е кисел, а содата лесно алкална. Заедно, таа моќна комбинација ја нарушува природната средина на габичките и го оневозможува нивното преживување.

Во продолжение следува рецептот, како да ја приготвите домашната чудесна смеса:

Потребни состојки

  • Јаболков оцет
  • Сода бикарбона
  • Топла вода

Начин на подготовка

Најпрво наполнете го садот со доволно оцет, колку што е потребно за целосно да ги покрие вашите стапала. Потоа, потопете ги нозете и оставете да одмараат во смесата во времетраење од 20 минути. Откако ќе помине доволно време, извадете ги нозете од смесата, избришајте и исушете ги.Веднаш потоа, наполнете сад со топла вода. Потопете ги нозете во истата, уште дополнителни 20 минути, а потоа во водата додадете шолја сода бикарбона, без притоа да ги вадите стапалата надвор. Оставете ги нозете да отстојат 15-20 минути во топлата смеса.

Повторете го тој процес, онолку пати колку што ви е неопходно.

Потребно е вашите нозе да бидат суви и чисти пред примената на третманот.

За да ја спречите појавата на габичната инфекција, не заборавајте дека не е препорачливо да се носи чевли кои се отворени напред и воедно, потребно е секојдневно да се грижите за негата на вашите стапала, како редовното сечење на ноктите и нивни прочистување со помош на четка претходно потопена во масло од чајно дрво.

Домашниот природен третман практикувајте го во период од неколку недели и ќе забележите дека габичките сами ќе исчезнат.