Неверојатно е да се помисли дека поминаа 21 година откако светот ја загуби својата својата омилена принцеза од Велс, принцезата Дијана.

Поранешната сопруга на принцот Чарлс загина во автомобилска несреќа во Париз, Франција, заедно со нејзиниот партнер Доди Фајед, во 1997-та година, а според британските медиуми, последните зборови на принцезата ги открива самиот пожарникар, кој се обидел да го спаси нејзиниот живот во тој момент.

Ксавие Гурмелонезе е еден од првите луѓе на професионалниот тим кој прв интервенирал на местото на несреќата.

50-годишниот пожарникар прв стасал до принцезата Дијана, при што успеал да ги слушне нејзините последни зборови.

„Ја држев за раката и ѝ велев да остане смирена, да не се движи и дека сум овде да ја спасам.“- вели Ксавие.

За време на несреќата, принцезата била сместена на задното седиште, заедно со нејзиниот партнер Доди, а кога пожарникарот стасал до неа, така уште била свесна, при што открива дека нејзините последни зборови биле: „Боже мој, што се случи?“ (анг. „Му God, what happened?“)

Според официјалните лекарски извештаи, принцезата Дијана починала поради обилни внатрешни крварења, а притоа бил оштетен крвен сад многу близу до нејзиното срце.