Покрај за секојдневен ручек, следниот уникатен рецепт ќе ви биде од огромна помош подоцна околу составувањето на празничното мени. Станува збор за полнети печурки со мелено месо кои се приготвуваат супер лесно, а на нивната арома и вкус никој не може да одолее!

Полнети печурки со мелено месо

Покрај за секојдневен ручек, следниот уникатен рецепт ќе ви биде од огромна помош подоцна околу составувањето на празничното мени. Станува збор за полнети печурки со мелено месо кои се приготвуваат супер лесно, а на нивната арома и вкус никој не може да одолее!
Оброк: Главно јадење
Кујна: италијанска
Клучни зборови: мелено месо, печурки, полнети печурки
Порции: 4

Состојки

  • 1 кг крупни печурки
  • Половина кг мелено месо
  • Половина кафена лажица сладок мелен црвен пипер
  • 1 супена лажица ситно исечен магдонос
  • Половина кафена лажица мелен црн пипер
  • Половина кафена лажица сол
  • 50 гр изрендан кашкавал
  • 20 мл зејтин
  • 1 супена лажица масло за готвење

Начин на подготовка

  • Прво пригответе го филот. Поставете го меленото месо во сад, додадете ги сите зачини, солта и ситно исечените зеленчуци. Добро измешајте.
  • Од добиената смеса оформете мали топчиња, со приближно еднаква големина.
  • Добро измијте ги печурките, извадете ја нивната средина и подредете ги во сад претходно добро премачкан со зејтин.
  • Секое од ќофтињата поставете ги во печурките и на крај одозгора нанесете зејтин. Ситно изрендајте го кашкавалот и нанесете го врз меленото месо.
  • Вклучете ја рерната да се загрее на 180°C. Поставете ги печурките да се печат 30 минути.