Полнетите компири се уникатно и превкусно домашно јадење кое едноставно се топи во уста, а кое притоа лесно може секој да ги приготви, без многу труд до неодоливи резултати!

Полнети компири

Полнетите компири се уникатно и превкусно домашно јадењекое едноставно се топи во уста, а кое притоа лесно може секој да ги приготви,без многу труд до неодоливи резултати!
Вкупно време1 час
Оброк: Главно јадење
Кујна: италијанска
Клучни зборови: печени компири, полнети компири
Порции: 4

Состојки

  • 5 компири
  • 1 супена лажица кисела павлака
  • 1 кафена лажица сенф
  • 1 голем колбас
  • 40 гр кашкавал
  • По вкус сув копар, сол и мелен црн пипер

Начин на подготовка

  • Измијте и исечете ги компирите така што ќе може да стојатна рамна површина. Поставете ги со исечениот дел на хартија за печење,претходно премачкана со масло за готвење и поставете ги во претходно загреанарерна на 180°C.
  • Исечете ги компирите и од спротивната страна. Со помош накафена лажица, извадете ја нивната средина, но без да го оштетите дното.
  • Измешајте кисела павлака, сенф, исечен лук, сув копар,сол и мелен црн пипер.
  • Исечете ги колбасот и кашкавалот на мали парчиња.
  • Секој од компирите наполнете го најпрво со смесата одкисела павалка, потоа додадете малку кашкавал и колбас и одозгора повторно одпавлаката. Печете ги полнетите компири уште 10 дополнителни минути.
  • Испечените полни компири треба да се сервираат топли,додека кашкавалот да се растопи. Одозгора може да додадете зачин по ваш вкус.