Питбулите и сличните раси на кучиња имаа лош рејтинг. Некои луѓе тврдат дека сите овие кучиња се опасни, а медиумите често ги портретира како агресивни. За среќа, еден полицаец од Тексас, кој одговорил на повик за „бесно куче“ даде оправдана причина за сомнеж во овие стереотипи.

Кога офицерот Травис Фрост пристигнал на локацијата на повикот, видел голем американски питбул со темна боја кој лежел на нечиј трем. Иако песот му изгледал застрашувачки на повикувачот, одговорниот службеник веднаш сфатил дека животното за кое станува збор е само голем мрзливко.

Како мерка на претпазливост, Фрост ја оставил вратата на автомобилот отворена пред да се приближи, во случај да требал брзо да скокне назад. Службеникот го викнал кучето и тоа среќно се стрчало кон полицаецот со вртење на опашот. Се покажало дека кучето воопшто не било злобно. Фрост го помилувал кучето и направил неколку фотографии кога доброто момче скокнало во неговиот полициски автомобил.

„Тој веднаш скокна во автомобилот си седна на предното седиште и се раскомоти.“, вели Фрост. Полицаецот потоа заедно со Службата за животни ги пронашле сопствениците на кучето и за 24 часа тоа се вратило дома.