Ракот на дебелото црево или колоректален рак го напаѓа дебелото црево, а подоцна метастазира т.е се проширува и во останатите делови од телото.

Статистичките податоци објавени од Американската организација за борба против ракот, покажува дека кај 1 од 24 жени и кај 1 од 22 мажи, се дијагностицира оваа болест, во одреден момент од нивниот живот.

Ракот на дебелото црево воедно важи за третиот најчест облик на рак што се среќава кај пациентите ширум светот.

Превенцијата во секој случај е најдобар лек, а за таа цел треба да имаме поголемо познавање на симптомите за оваа болест.

И додека некои симптоми се веднаш забележливи, сепак постојат и т.н тивки сокриени симптоми.

Во продолжение ви ги откриваме токму таквите сокриени и тешко забележливи симптоми, кои никако не треба да ги занемаруваме:

1. Слабеење

Секоја неочекувана промена на тежината може да биде индикатор за влошување на здравствената состојба. Така, слабеењето не секогаш е добра работа, при што по тој повод, секогаш е потребна лекарска консултација.

Загубата на тежината е еден од најчестите симптоми за рак на дебелото црево. Доколку ги губите килограмите без да се обидувате и без да држите диети, веднаш обратете се на вашиот лекар.

2. Болки во стомакот и подуеност

Поради нејзината честота, возрасните луѓе најчесто не ја сфаќаат сериозно подуеноста. Доколку подуеноста на стомакот е придружувана од други симптоми, како цревни проблеми, потребно е личноста да направи лекарски преглед.

Тешките стомачни спазми, кои се причината за болката, се добра причина зошто треба да закажете преглед кај вашиот лекар.

3. Анемија

Анемијата е јасен предзнак за крварење на телото, но луѓето не можат да го видат, бидејќи тоа е во форма на внатрешно крварење. Ракот на дебелото црево се манифестира преку тумори кои крварат, што доведува до недостиг на железо.

Анемијата се појавува дури по 6 месеци, пред да забележите некакви проблеми при движењето на цревата.

Туморите растат многу брзо и телото не е способно да се справи со истите. Тоа доведува до формирање јазли, кои ја апсорбираат крвта и резултира со анемија.

4. Промени при празнењето на организамот

Доколку забележите дека проретчување на текстурата на празнењата, според експертите тоа може да биде симптом за овој облик на рак. Туморот може да го блокира дебелото црево, особено доколку изметот стане премногу течен и воден.

Истовремено, за овој симптом, важно е да се обрати внимание во промената на самата боја, а вообичаено при состојба на рак на дебелото црево, во изметот може да се забележи и појава на крв, која може да биде многу малку забележлива. Во овој дел на симптомите, спаѓа и пречестата опстипација.

5. Исцрпеност

Пациентите кои боледуваат од рак, се соочуваат со недостаток од енергија, позитивна мисла и проблеми со фокусирањето при работата. Тоа се должи на нискиот имунитет, што ги тера да се чувствуваат лошо и исцрпено.

Потребно е да се прави разлика меѓу сонливоста и заморот. Хроничниот замор воопшто не треба да се занемарува, а особено тешкиот облик на замор е најчесто симптом на рак на дебелото црево, кој предизвикува отежнато дишење.

6. Ноќно потење

Скоро сите луѓе се соочуваат со потење во текот на ноќта. Но, кај пациентите со рак на дебелото црево, потењето доаѓа во систематски и чести облици. Тоа е затоа што поради болеста во организамот, телото се здобива со треска, бидејќи се обидува да даде отпор на канцерогените клетки.

Потребно е секој човек да го набљудува своето тело и внимателно да ја следи секоја невообичаена промена. Во истиот момент на забележување на еден од горенаведените симптоми, потребно е личноста да се обрати за лекарски преглед.