Првата голема љубов на Џенифер Лопез, почина на 51-годишна возраст, претходниот викенд, во болница на Менхетан, поради проблеми и компликации кои настанале со срцето.

Станува збор за Дејвид Круз, со кој славната пејачка се запозна додека сè уште беше тинејџерка, кога таа имаше 15 години, а Круз, 16. Љубовта меѓу младиот пар како искра брзо се роди и продолжи да гори цела една деценија.

Всушност токму Круз беше со Џенифер во почетните години од нејзината кариера, кога таа уште не беше славна и популарна во светот. Сепак, парот во 1994-та година одлучи да се раздели, иако пејачката отсекогаш во интервјуата изјавувала дека ќе го памети како мила и драга личност.