Ирина целиот свој живот се борела со вишокот килограми, а големиот аптетит никако не се намалувал. Оваа нејзината ситуација траела се до моментот на откривање на следните трикови.

Со откривањето и применувањето на следните 10 лесни трикови, животот на Ирина драстично се променил, а нејзината фигура и изглед се променија до непрепознатливост. Благодарение на триковите таа денес е сосема нова и самоуверена жена и успешна актерка.

Откако преживеала скандалозен развод, наместо да падне во депресија и да дозволи стресот да ја победи, Ирина решила да го промени својот живот од корен, а со тоа да го промени и нејзиниот изглед.

По бројни неуспешни обиди и чести грешки, жената разработила ефекетивен план, кој резултирал таа, за краток временски период да изгуби повеќе од 20 килограми.

Во продолжение следуваат 10-те едноставни правила кои Ирина ги следи и благодарение на кои постигна неверојатни резултати:

Таа смета дека овие правила треба да стојат залепени на фрижидерот како потсетник

1. Пијте најмалку 1.5 литри вода дневно, за да го забрзате метаболизамот и да ја подобрите целосната функција на организамот

2. Откажете се од пржената и мрсна храна, за да го намалите внесот на калории, за да ја подобрите функцијата на панкреасот и црниот дроб

3. Откажете се од шеќерот, сосовите и храна која содржи скроб т.е нишесте. Наместо тоа консумирајте кисело млеко, растително масло и лимонов сок.

4. Изоставете ги колбасите од вашето дневно мени. Тие содржат голем број непотребни калории, хемикалии и сол

5. Откажете се од белите пецива и благите работи. Сушеното овошје и јаткастите плодови се одлична здрава алтернатива и замена за првите работи.

6. Консумирајте свежи плодови до 4 пати неделно

7. 60% од храната треба да ви бидат протеини, 35% бавни јаглехидрати и 5% незаситени масти кои не се штетни.

8. Од 3 оброци преминете на 5 оброци дневно. Подговтвете ги оброците во мали количини и на овој начин ќе го контролирате гладот.

9. Последниот оброк треба да ви биде најкасно до 19 часот. За време на јадењето, забрането е користење на паметните телефони, книги или гледањето телевизија.

10. Мрсна храна- еднаш неделно. Одделете еден ден во неделата, ден во кој може да јадете сè што инаку е забрането

Правилата се многу едноставни и не е потребна никаква маѓија, туку само добра дисциплина да успеете. Воедно Ирина ве советува за уште еден дополнителен трик: Чиниите во кои ќе ги сервирате оброците, да бидат во мала димензија, бидејќи како што вели таа, не можеш да ставиш многу храна во мала чинија.

Исто така, не одете премногу во крајности, бидејќи голем дел од женствената фигура е и негуваното здравје.