103-годишниот Д.В Вилјамс и 100-годишната Вили Вилјамс се запознале во далечната 1935-та година и по 82 години поминати заедно во брак, сега овој пар ја открива тајната на долговечната љубов и ги советува идните парови.

Претходниот викенд, овој среќен пар од Северна Каролина, ја прослави својата 82-ра годишница од бракот, на забава организирана од страна на нивната ќерка и внука. А сега тие двајца решија да ја откријат тајната за нивната долга и успешна врска.

Зборувајќи во емисија за американската телевизија ВСОК, за време на нивната забава, на прашањето што би ги советувале идните парови, 100-годишната Вили одговори:

Едноставно бидете добри еден спрема друг.

Парот исто така верува дека златниот клуч до успешен и долговечен брак е комуникацијата, при што изјавиле:

Ние никогаш не се караме, ниту пак имаме расправии. Ако за нешто постои недоразбирање меѓу нас, едноставно зборуваме за тоа и го решаваме.

Нивните најблиски велат дека Д.В и Вили се неверојатна инспирација и доказ дека љубовта е вечна, а нивниот став дека заедно се еден тим и заедно можат да ги надминат сите препреки, е вистинската тајна за нивниот успех.

“Тие еден на друг се најдобриот пријател”- вели нивната внука.

Парот истовремено открива дека најголемиот дел од заедничкото време го поминуваат уживајќи во ситниците, како заедничко гледање на телевизија или играње друштвени игри.

Парот стапил 2 години подоцна од нивното запознавање, а заедно се присетуваат како поминале живеејќи во воени периоди, Големата депресија, па дури и едно од најголемите движења за човековите права- протест во САД против расната поделба и дискриминација.