Со оглед на хормоналните промени кои се јавуваат по 45-тата година, телото на жените се менува. Производството на естрогените,од кои зависат пропорциите на женската фигура, нагло се зголемува на почетокот, а потоа подеднакво се намалува. Бидејќи нагли промени во овој период може да го нарушат ендокриниот баланс, жените над 45-годишна возраст треба да се воздржат од диетални експерименти.

Заборавете за суровите диети и на гладувањето.

Наместо тоа можете да направите „ден за диета“, но само еднаш неделно. За тој ден варите половина килограм ориз во солена вода и го јадете со црно грозје и суви кајсии. Исто така можете да измешате 600-800 грама урда со суво грозје. Овие производи се корисни за срцето.

Појадок и ручек со супи

Исто така јадете повеќе модар патлиџан, јаболка и тиквички бидејќи ги намалуваат нивоата на холестерол и ги отстрануваат вишокот телесни масти од телото. Ова го намалува ризикот од развој на болести поврзани со возраст: дијабетес, атеросклероза, дебелина.

Заменете го црниот чај со зелен.

Освен што треба да пиете повеќе зелен чај пијте и повеќе чиста вода. Најмалку 1,2 литри дневно.

Внимавајте со внесувањето на масти (нека биде умерено).

Најчеста грешка која се дозволува, е лишувањето од производите што содржат масти, плашејќи се од дебелеење. Мастите ја хидратираат кожата, што е важно во оваа возраст, за да се зачува младоста на телото. Обрнете внимание на незаситените масти кои се содржат во маслиновото масло и ореви.

Не се изложувајте на стресни ситуации

Почетокот на менопаузата често доведува до влошување на расположението. Научете како да ги контролирате вашите емоции и да не барате утеха во содржината на фрижидерот.

По 45-тата година можно е да ви се намали чувството за вкус. Не ја зголемувајте количиата на сол во јадењата. Пробајте лесно, но ефикасно вежбање – брзо одење (најмалку 45 минути на ден) и вежбање со тегови (30 минути 2 пати неделно).