Ова е забавна приказна за одмаздата. Станува збор за една жена, чиј сопруг ја оставил по 37 години брак.

Тој имаше врска со неговата помлада секретарка и затоа одлучи да се разведе од сопругата и да започне заеднички живот со неговата нова љубов. Но, неговата сопруга Ана немашe туку така да му ги олесни работите. Нивната хумористична приказна заслужува да биде споделена.

По 37 години брак, Бен реши да ја остави својата сопруга Ана, поради неговата помлада секретарка со која подолго време беше во тајна љубовна врска.

Неговата нова партнерка инсистираше тие двајца да ја земат големата куќа, во која претходно Бен живееше со Ана. И благодарение на неговите скапи адвокати, Бен успеа да ја земе куќата во текот на разводниот процес. На својата бивша сопруга и остави само 3 денови за да се отсели.

Ана уште на првиот ден од рокот, започна своите работи да ги складира во кутии. Веќе следниот ден, работите беа преместени во нејзиниот нов дом.

На третиот ден, Ана за последен пат седна во прекрасната трпезарија, запали свеќи, пушти тивка музика и уживаше во моментот.

Потоа на свој начин, подготви подарок за новиот пар. Ана влезе во секоја просторија од големата куќа и во секој отвор од корнизите од завесите, вметна ракчиња.

За последен пат ја исчисти кујната и го напушти домот во кој помина 37 години од својот живот.

Кога Бен се всели со својата нова девојка во домот, сè беше совршено првите неколку денови.

Но, набрзо, непријатната миризба започна да се шири низ целата куќа. Тие веднаш направија детална проверка на сите простории и исчистија сè што можеше да се исчисти. Ги проверија сите места, секој агол, мислејќи дека станува збор за некој мртов глушец. Дури поставија прочистувачи на воздух и ароматизери во секоја просторија.

Повикаа и фирма специјализирана за вакви проблеми, но ниту таа не им беше од голема помош.

Бидејќи долго време не можеа да го решат проблемот, парот реши да се отсели од домот. Ја ставија куќата на продажба, ја намалија нејзината цена за дури 50%, но никој не сакаше да ја купи миризливата куќа.

Лошиот глас за имотот се прошири насекаде, при што дури ни агентите за недвижности не сакаа да соработуваат со парот. На крај беа принудени да позајмат сума од банката за да можат да си дозволат нов дом.

Тогаш Бен се досети на неговата поранешна сопруга Ана. Реши да ја побара и да ја сподели неговата мака, раскажувајќи сè што му се случило со миризливата куќа. Ана учтиво го ислуша, а потоа изјави дека би сакала да се врати во домот, бидејќи сепак таму го поминала целиот свој живот.

Бен мислеше дека Ана не е свесна колку е лоша миризбата и се согласи да ја продаде куќата за смешна цена, за само 10% од оригиналната вредност. Веќе следниот ден, Ана потпиша и куќата официјално стана нејзина сопственост.

На крај Бен и неговата девојка беа пресреќни што ја измамиле Ана. А како шлаг на тортата, решија да земат сè од куќата и сите работи да ги пренесат во нивниот нов дом.

Меѓу работите беа и корнизите со ракчињата внатре.