Племе што живее на далечен остров на Јужниот Пацифик, кое верува  дека принцот Филип е нивен бог и реинкарнација на вулкански дух, со видео порака му изразија сочувство на Кралското семејство.

Мажите и жените од племето Јаохнанен на островот Тана во Вануату се уништени од неговата смрт и започнаа ритуален процес на жалост што може да трае со недели.

Островјаните спиеја кога смртта на војводата од Единбург му беше објавена на светот во Петокот вечерта и  рано следното утро заминале да берат од насадите со сладок компир.

Тие не биле свесни за трагичната вест сè додека не им соопштила жена од блиското одморалиште кога се вратиле од својата работа во Саботата попладне.

Тагата на племето беше веднаш очигледна кога жените се расплакаа, а скршените луѓе замолкнаа додека се обидуваа да ги утешат своите деца.

Поглаварот на селото Јапа рече, држејќи фотографија на која се гледа како членови од племето се среќаваат со покојниот принц: „Во 2007 година бевме однесени во Англија. Врската меѓу луѓето на островот Тана и англискиот народ е многу силна. Испраќаме пораки на сочувство до Кралското семејство и народот на Англија“.

Мери Ниер, која работи како сметководител во одморалиштето и бањата „Вајт грес океан“, вели дека селото било претежно празно кога пристигнала, но имало постар човек кој седел кај „накамалот“ ( место каде што седат мажите).

Кога му реков, тој беше шокиран и ме праша „дали ја велам вистината“ затоа што „не може да верува во тоа“ рече таа.

„Тие мораа да испраќаат пораки до насадите за да ги вратат луѓето и кога дојде началникот (Чарли) и сите дознаа. Тие беа многу, многу тажни“.

„Мажите молчеа и гледаа надолу. Многу од жените беа многу емотивни и плачеа многу “.

Со децении, 400-члена заедница го обожаваше принцот Филип, молејќи се секој ден да ги заштити нивните култури од банана и сладок компир.

Не е сосема јасно како принцот, кој никогаш не го посетил островот, се смета како божество.

Се верува дека племињата виделе големи портрети од него со кралицата Елизабета кога го посетиле Порт Вила во 60-тите години на минатиот век и биле импресионирани дека се оженил со „моќна бела кралица“ од другата страна на светот, и почнале да веруваат дека е вулкански дух кој еден ден би се вратил во Тана. Најблиску што војводата дошол на островот е за време на патувањето во главниот град Порт Вила во 1974 година. Тогаш Вануату беше англо-француска колонија по име Њу Хебриди.

За време на кралската посета, воин од Тана, тогашниот поглавар Џек Наива, и други, веслале240 км со кајче до главниот град за да го поздрават принцот Филип додека се симнувал од кралската јахта Британија.

Оттаму, статусот на Божјиот лик стана уште позацементиран откако Наива се уверил дека војводата е испратен од небото да го заштити островот и да им донесе среќа на луѓето.

На десетина илјади километри далеку во Англија, принцот Филип добро знаеше за восхитот на Јаохнанен кон него.

Со текот на годините тој испраќаше свои врамени фотографии кои беа претворени во светилиште во селото.

Во бизарна серија настани, Јаохнанен му испратил на војводата традиционален воен клуб наречен нал-нал кој се користел за лов на свињи и побарал принцот Филип да се слика со него.