Писмото од една анонимна жена адресирано до нејзиниот поранешен сопруг, никого не го остави рамнодушен. Истото треба да го прочита секоја жена, чие срце било скршено и која се вљубила во човек кој не ја заслужува.

Овие нејзини зборови нè учат поранешните партнери, лошите љубовни врски и неусшените бракови да ги гледаме со други очи.

Во продолжение прочитајте го писмото:

„Драг мој бивши,

Ти благодарам што секој ден го започнуваше со расправии за најглупавите нешта. Ме научи како да се заштитам на вистински и погрешен начин. Со причина ме доведе до потполен колапс – никогаш повеќе нема да искусам вакво нешто.

Ти благодарам што не ми подаруваше доволно внимание. Ме научи како недостатокот на комплименти и спиењето на спротивни страни од креветот всушност влијаат врз мене. Научив дека од време на време ми е неопходен физички контакт и вистинска поврзаност со љубовта. Научив дека е добро да чувствуваш потреба.

Ти благодарам што секоја недела ме тераше да седам во дневна и да гледам фудбал. Ме научи дека имам попаметни работи да правам, отколку целиот мој живот да се врти околу спортските натпревари.

Ти благодарам што ми ги даде најтешките години во животот. Ме научи дека можам да живеам без тебе и дека сама ми е всушност многу подобро.

Ти благодарам што си толку опседнат со самиот себе. На крај ме научи како да се грижам за самата себе и за моите сопствени чувства.

Ти благодарам што секој месец ме заплашуваше со развод. Ме научи на крај да сфатам дека сето ова ти беше манипулација за да останам, од страв дека нема да имам доволно финансии. Токму поради ова, заминав и никогаш не сум се чувствувала понезависно од сега.

Твоето исчезнување од мојот живот е најхуманата работа што си ја направил во текот на целиот наш брак. И на крај, ти благодарам што ми помогна на еден начин да си ја обновам и зголемам мојата самодоверба и да формирам нова личност, ново јас, кое сега сосема заслужено, е сакано од некој друг.

Сега сум омажена за прекрасен маж и имаме прекрасен син. За сето ова можам тебе да ти се заблагодарам. Ако не беше ти и сите грозни работи кои ми ги приреди, никогаш немаше да научам да бидам среќна како што сум сега.“