Ова е писмо која една жена реши да го посвети на поранешниот сопруг, писмо кое никогаш не го пратила, но во истото го претставува она што останало недоискажано до разводот.

„Сигурна сум дека го знаеш ова. Беше твоја одлука да се разделиме вака, но сега морам да признаам дека така било најдоброто и за двајцата. Би сакала да кажам дека ми е мило што гледам дека си добро, но воопшто не знам каде си. Еднаш кога ќе ги пресечеме врските и контактите, не преостануваат никакви ни ништо за кое можеме да се фатиме.

Не постои начин на кој можеме да се пронајдеме. Сосема ми е чудно што сега сме така далеку, а ми се чини како до вчера да бевме неразделни и сè еден на друг. До вчера најдобри пријатели, а сега потполни странци…Ти си единствената личност на светот која навистина ме познава.

Знаеш сè за мене…и добро и лошо. Еден до друг бевме во најубавите и најтешките времиња. Заедно поминавме низ пекол и рај, а сега кога си ми најпотребен, тебе никаде те нема. Се прашувам дали и покрај сè (а и баш токму поради сè) можеби можевме да останеме во контакт?

Зошто понекогаш не можеме да излезнеме на кафе или да се слушнеме по телефон, макар и да се прашаме за здравјето или да си ги честитаме празниците? Толку многу поминавме заедно, што е потполно неверојатно да сега не можеме ниту толку малку. Јас тебе никогаш нема да можам да те заборавам, бидејќи тоа би значело да се заборавам самата себе.

Ти сè уште си дел од мене. Сè уште те чувствувам во моето срце. Ти си апсолутен странец кој по некое чудо сè уште живее во мене како органски дел од моето тело и душа. Сепак ја прифаќам одлуката да останеме разделени – повеќе поради тебе, отколку поради себе. Знам дека би било прелесно повторно да се впуштиме во романса, бидејќи толку добро се познаваме, ама тоа не е сега што ти го сакаш.

Моето срце е веќе скршено, но би преживеала уште еднаш да го скршиш, бидејќи тоа чука само за тебе. Но, не сакам да му наштетувам на твоето срце. Не сакам да бидам виновник за твојата болка. Сè што можам да направам е да ти посакам сè најдобро во животот – да ги оствариш твоите соништа и да изградиш прекрасна иднина… во која мене ќе ме нема.

Се надевам дека еден ден ќе најдеш толку добар и приврзан пријател како што некогаш ти бев јас. Се надевам дека таа ќе ти биде подобар партнер и подобра љубовница, отколку што јас умеев и некого од кога нема да побегнеш. Нашата љубов не била судена…Ми било судено да изгубам идиот, а ти најдобар пријател…“