„Во нова врска сум, во подобра. Тој ме потсетува на тебе, бидејќи тој е сè што ти не беше.“ …Прочитајте го во продолжение емотивното писмо на една жена, во кое зборува за научената лекција по бурното раскинување со својот партнер.

„Во нова врска сум, во подобра. Тој ме потсетува на тебе, бидејќи тој е сè што ти не беше. Тој е страстен, трпелив и полн со разбирање. Тој се грижи за мене.

Се интересира за моите сестри, сака да вечера со моите родители. Не се обидува да ме сокрива од пријателите и познаниците, не го исмева мојот карактер. Тој сака да биде дел од мојот живот и сака да создадеме наша заедничка приказна.

Се сеќавам дека со тебе чекорев како по стакло. Кога и да се обидев да ги задоволам твоите желби, никогаш ништо не ти беше доволно. Според тебе, секогаш можев работите да ги направам подобро. Можев да бидам послаба, да ти давам поголема поддршка, да бидам повеќе фокусирана на нашата врска.

Јас не мислам дека ти си лош човек, едноставно само ти не си вистинскиот човек за мене. И Господ знае дека јас не сум вистинската за тебе, но тоа не ме спречи во обидите да останам со тебе. Бевме отровни и токсични еден спрема друг, а дури сега тоа го сфаќам. И покрај тоа што се надевам дека еден ден целосно ќе те заборавам, сосема јасно ми е дека бурната година зад нас, е најдоброто нешто што можеше да ни се случи.

Може плативме висока цена, но благодарение на тебе научив толку многу, што слободно можам да кажам дека секоја моја пролеана солза имаше смисла.

Сега комплетно те избришав од својот живот. Едноставно си блокиран. Јас не те мразам, бидејќи каде постои омраза, постои и страст. Тоа кое јас сега го чувствувам кон тебе се нарекува рамнодушност. Воопшто не ми е грижа што се случува во твојот живот и како минуваат твоите ноќи. Престанав да размислувам дали ќе те сретнам низ град, а сите твои „омилени“ работи ми станаа безначајни и обични.

Се прашауваш каква е смислата на сето ова? Иако кон тебе сум рамнодушна, не сум рамнодушна кон она што ми го направи. Сè уште ги чувствувам последиците од таа бурна година, горчливиот вкус од нашата токсична врска. И иако веќе твојот отров не тече низ моите вени, непосакуваните реакции знаат да се појават од време на време. Мојата несигурност и недоверба. Стравот од разделба, стравот дека и тој утре ќе ме замени со некоја подобра.

А знаеш ли што помага во таквите ситуации? Знајеќи дека моето ново момче, воедно е и мој другар. Всушност тој веќе долго време е мојот најдобар пријател. Мислам дека пријателскиот однос е она што нам ни недостасуваше во врската. Пријателите не се осудуваат, тие не се себични егоисти. Тие меѓусебно си го посакуваат најдоброто. Ти само го сакаше најдоброто за себе, а со тоа јасно ми даде до знаење колку ти значам јас.

Ти ме натера да верувам во нашата приказна и дека истата е возможна да постои, само доколку јас го правам она што ти сакаш. Да се откажам од верата, да го заборавам моето семејство и ти да бидеш на врвот на листата на моите приоритети. Но, тоа не е вистинска љубов. Вистинската љубов ја цени пожртвуваноста. Вистинската љубов мисли на другата страна.

Добрите нешта доаѓаат кај оние кои трпеливо чекале. Се радувам што чекав и што се потпрев на мојата интуиција. Се радувам што не сум следела соништа, кои не биле мои. Се надевам дека си среќен, но и се надевам дека веќе никогаш нема да се сретнеме.“