За да имате убави и мазни стапалата, користете ефикасен пилинг со банана и кафе.

Потребни производи:

1/4 чаша свежо мелено кафе
1/4 чаша морска сол
1/4 чаша маслиново масло
1/2 банана

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите производи додека добиете хомогена смеса.

Нанесете ја на стапалото и оставете ја да стои околу 10 минути.

Потоа нежно масирајте ги стапалата.

Исплакнете со вода и исушете ги нозете.