Потребни состојки:

  • 1 кг. Свинско месо (бонфиле)
  • 4- 5 главици кромид
  • 50 гр. сушени кајсии
  • 50 гр. сушени сливи
  • 50 гр. сушено грозје
  • 200 мл. темно пиво

Зачини: вегета, црвен пипер, мелен бибер, 20 зрна бибер, ловоров лист, сол по желба

Потребно време за подготовка: 3 часа

Свинското месо се мие, се суши со крпа и се посипува со црн и црвен пипер. Се сече на прстени, на 10 – 12 парчиња и помеѓу секое парче се додаваат неколку зрна бибер и кромид сецкан на кругови. Се прелива со масло и одозгора се прелива со сушените кајсии, сливи и грозје. Се додаваат неколку парчиња ловоров лист и се става во загреана рерна, се пече на температура од 170 – 190 степени,  2 часа.