Стара и добро позната е изреката дека патот до срцеот на мажот е преку неговиот стомак. Токму затоа денес решивме да ви откриеме рецепт за тајното оружје како да го освоите вашиот партнер.

Станува збор за вкусен печен специјалитет, популарен во француската кујна, за чија подготовка ќе ви требаат едноставни состојки, а притоа нема да ви одземе многу време.

Печен специјалитет на француски начин

Потребни состојки

  • 250 гр печурки
  • 400 гр пилешко месо
  • 1 главица кромид
  • 250 мл кисела павлака
  • 200 гр кашкавал
  • 700 гр компири
  • 100 мл пресно млеко
  • 20 гр путер
  • Сол и мелен црн пипер по ваш вкус

Начин на подготовка

Излупете ги компирите, поставете ги во тенџере, наполнете со вода и посолете по вкус. Сварете ги до нивно омекнување, а потоа прецедете ги и подгответе пире од истите, додавајќи го маслото и млекото.

Исечете ги печурките на тенки парчиња и запржете ги во тава, додавајќи масло, сол и мелен црн пипер.

Излупете го кромидот, исечете го на тенки парчиња и додадете го кон печурките. Испржете ги сите состојки заедно додека да бидат целосно готови.

Исечете го и пилешкото месо и испржете го, а потоа додадете го кон печурките и кромидот, измешајте ги добро состојките и додадете ја павлаката. Повторно измешајте ги состојките и оставете ги да се готват 5-7 минути.

Изрендајте го кашкавалот. Поставете го пирето од компирите во сад за печење, одозгора нанесете ги печурките со месото, а на крај, додадете го изрендадниот кашкавал.

Поставете го специјалитетот да се пече во претходно загреана рерна на 180°C, во времетраење од 10 минути.

Пријатен апетит!