За само 6 месеци, парот веќе собра 5500 евра како резултат на својот брилијантен план.

Леони Стар и нејзиниот свршеник, Метју Портер, кои доаѓаат од брегот Квинсленд, решиле да рециклираат и на тој начин да соберат пари за свадбата од соништата, откако во Ноември, минатата година, нивниот обид за рециклирање се покажал финансиски исплатлив.

Парот, при кој и двајцата се на 29-годишна возраст, си поставиле за цел, на месечно ниво да собираат 10.000 парчиња за рециклажа, а крајното количество планираат да достигне до 810.000 парчиња, при што со средствата кои ќе ги заработат, ќе успеат да ја платат својата свадба од сонишатата, која е планирана за 2020-та година, во Вануату.

„Од Ноември имаме соберено 51.455 шишиња, од кои успеавме да добиеме 5500 евра.“- изјави Леони.

Парот исто така доби и донација од 1000 евра од локалниот Центар за рециклирање- Томра. И покрај амбициозноста, парот сфаќа дека тоа воопшто не е лесна задача.

„За мене, за да ја достигнам целта од 810.000 парчиња, би требало да собирам дневно по 2.200 шишиња. А треба да собираме по 10.000 на месечно ниво. И покрај тоа што воопшто не е лесно, на овој начин помагаме еколошки за средината, а истовремено и се забавуваме. Приморани сме да излеземе од дома, да се дружиме, на еден начин да вежбаме и сл. Придобивките се бројни“- додава Метју.

Парот со својата еколошка акција за романтични цело ја воодушеви Интернет заедницата.