Пар кој планирал да се пензионира посвои 7 деца кои останале без родители поради автомобилска несреќа

Еден пар кој се подготвувал да се пензионира открива дека се чувствувале морално принудени да посвојат седум деца откако на социјалните мрежи виделе оглас во кој се наведува детално како браќата и сестрите „останале без дом кога нивните родители загинале во сообраќајна несреќа“.

Пем (50) и Гери Вилис (53) од Менифи, Калифорнија, кои имаат пет деца и кои многу години згрижувале деца, велат дека очекувале да се пензионираат кога нивното последно дете да ја напушти нивната куќа со шест спални соби.

Сепак, Пем забележа пост на Фејсбук за потрага по постојан дом за Аделино, 15, Руби, 13, Алесија, 9, Ентони, 8, Обриела, 7, Лео, 5 и Ксандер, 4, кои биле сираци повеќе од една година откако и двајцата нивни родители трагично загинале во сообраќајна несреќа.

Пем  изјави дека не можела да престане да зјапа во нивните лица, велејќи: „Не можам да го објаснам тоа, само знаев дека требаше да бидам нивна мајка“.
Пем рече дека никогаш не разговарала за посвојување со Гери и очекувала да ја нарече „луда“ затоа што се подготвувале да се пензионираат, но сепак ја споделила со него објавата на Фејсбук.

Таа објасни дека и двајцата чувствувале дека „тоа е она што Бог сака да го сториме“, но им беше кажано  дека илјадници други луѓе веќе се пријавиле ја посвојување на децата.

Сепак, два месеци подоцна, двојката се најде со децата кои не само што останале сираци, туку живеле и во камп за бездомници и се бореле за храна и пред смртта на нивните родители кои се бореле со зависности.

Нивната мајка имала 31 година, а татко им 42 години, кога претрпеле смртни повреди откако нивниот автомобил се свртел настрана, додека го напуштал автопатот.

„Мислам дека е толку тешко да се верува кога толку многу е одземено од твојот живот. Руби не знаеше како да биде дете. Таа мораше да биде мајчинска фигура на многу рана возраст“.
Пем рече дека децата се мачеле да спијат првите месеци откако се преселиле во нивниот дом, сепак семејството уживало во радосната церемонија на посвојување минатиот Август.

Пем и Гери сега можат да се пофалат со скоро 49.000 следбеници на Инстаграм од тоа што ги документирале своите животи со децата.

Во долга објава, тие се присетија кога прв пат кога Пем ги забележа децата на Фејсбук и открива дека се преселиле во нивниот дом на 7 Јуни 2019 година.

„Ние  знаевме дека оваа објава се појави пред нас со причина. Ако не ние, тогаш кој? Тие биле во згрижувачка семејство една година откако нивните родители загинаа во сообраќајната несреќа што сите тие, за чудо, ја преживеаја“.

„Кој ќе ги земе сите заедно? Кој би имал простор за нив? Кој би имал време и љубов и трпеливост за нивната траума? Одговорот беше јасен … ние би “, напишаа тие.

 

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *