Очигледно кучето не е најдобриот пријател на човекот, туку папагалот!

Повеќето полицајци се обучени како да се справат со кучињата-чувари, но што кога станува збор за папагал-чувар?

Со ваква ситуација се соочила бразилската полиција во Пиау, во соседство од ниската класа, кога целата нивна акција за малку ќе била уништена „благодарение“ на еден многу паметен папагал.

Штом ја здогледал полицијата дека доаѓа да направи претрес и да фати на дело дилерите на дрога, папагалот извикал: „Мамо, полицијата!“

Но, и покрај предупредувањето, полицијата успеала брзо да реагира и го уапсила парот кој се занимавал со трговија на дрога.

Нивниот, за сега, неименуван пердувест соучесник исто така завршил во притвор.

„Мора да бил добро трениран за ваква ситуација. Во моментот штом се доближивме до куќата, тој почна да вреска, да ги предупредува.“- изјавил полицискиот официр кој бил задолжен за акцијата.

Внатре во куќата, полицијата по извршениот претрес пронашла ќеси полни со дрога, а покрај парот, внатре во куќата се наоѓала и помлада девојка, која наверојатно им била ќерка.

Новинар од бразилската телевизија Р7, успеал да се сретне со папагалот.

„Многу е послушен, но ништо не зборува. Комплетна тишина.“- изјавил новинарот.

Паметниот папагал најверојатно бил обучен и за своите права, па нема да зборува, додека не дојде неговиот адвокат.

https://www.youtube.com/watch?v=0PHWDUgVLa4