Летото дојде и веќе сите започнавме да приготвуваме полесна храна и со помалку калории, бидејќи тоа е идеален начин како да бидеме подготвени за топлите денови. А токму следниот рецепт е вистински летен хит!

Палачинки со тиквички

Летото дојде и веќе сите започнавме да приготвуваме полесна храна и со помалку калории, бидејќи тоа е идеален начин како да бидеме подготвени за топлите денови. А токму следниот рецепт е вистински летен хит!
Вкупно време1 час
Оброк: Главно јадење
Кујна: Медитеранска
Клучни зборови: палачинки, тиквички, палачинки со тиквички
Порции: 4

Состојки

  • 800 гр тиквички
  • 2 јајца
  • 1 супена лажица млеко
  • 1-1,5 шолји брашно
  • 1 страк магдонос
  • 2 супени лажици растително масло
  • 1 кафена лажица сол

Начин на подготовка

  • Добро измијте ги тиквичките и ситно изрендајте ги. За оваа цел може да употребите и пасатор.
  • Следно, ситно исечете ги зачините. Тоа може да биде копар или магдонос, по ваша желба.
  • Изматете го јајцето со сол со помош на блендер или рачно,со вилушка. Кон добиената смеса, додадете го млекото и добро измешајте. Во истиот сад, додадете го брашното и замесете го тестото.
  • Добиеното тесто исипете го во садот со тиквичките, додадете го и исечениот магдонос и притоа додадете и 2 супени лажици масло.
  • Измешајте ги сите состојки заедно до добивање на една соединета смеса.
  • Загрејте ја тавата и во истата поставете го тестото со тиквичките. Маслото во тестото ќе биде доволно, при што не е потребно претходно да ја премачкувате тавата.
  • Кога палачинката ќе добие кафеава боја од едната страна, свртете ја да се испече и другата. Сервирајте со сос од павлака и лук, по ваша желба.