Постојат многу малку рецепти за тоа како да приготвите совршени палачинки, без истите да се лепат во тавата, да се кинат, а воедно да бидат тенки и меки! Токму денес ви го откриваме најдобриот рецепт!

Палачинки „3 чаши“:

Постојат многу малку рецепти за тоа како да приготвите совршени палачинки, без истите да се лепат во тавата, да се кинат, а воедно дабидат тенки и меки! Токму денес ви го откриваме најдобриот рецепт!
Вкупно време30 минути
Оброк: Појадок
Кујна: Француска
Клучни зборови: палачинки
Порции: 4

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 чаша со обем 200-250 мл врела вода
  • 1 истата чаша пресно млеко
  • 1 истата чаша брашно
  • 2 прстофати сол
  • 50-60 мл сончогледово масло
  • По вкус шеќер

Начин на подготовка

  • Обемот на чашите може да биде секаков – 200, 250, 300 милилитри. Единствено е важно тој да биде ист за сите 3 чаши. Затоа ви препорачуваме да користите една иста чаша за сите состојки.
  • Изматете ги јајцата во длабок сад, додадете шеќер по ваш вкус (1-2 супени лажици), додадете 2 прстофати сол, исипете го маслото иизматете ја смесата со миксер. Доволни ќе ви бидат 15 секунди за тоа. Ако немате миксер, употребете маталка, но ќе ви биде потребно малку повеќе време.
  • Без да престанувате со матење, во смесата додадете врела вода, а по 5 секунди додадете го и млекото. Додадете брашно и веднаш продолжете со матење, 15-20 секунди до добивање хомогена смеса.
  • Добро загрејте ја тавата на оган и испржете гипалачинките и од двете страни.