Во врската ви оди совршено, поминувате чудесни заеднички моменти, но одеднаш вашите романтични средби стануваат сè поретки, а вие не знаете зошто.

И ова не е првпат да доживеете вакво непријатно искуство, во моментите кога сте мислеле дека вашите врски се стабилни.

Вие сте сосема нормална личност, симпатична жена, паметна и независна. Тогаш каква е причината за овие негативни промени? Психолозите тврдат дека во повеќето случаи проблемот се самите жени, а еве на што поконкретно се однесува:

1. Премногу бара

Таа постојано добива комплименти, дека е добра, убава, паметна, дека има совршена фигура и прекрасни очи. Таа толку многу се цени самата себе, при што има високи барања од својот партнер. Овој тип на жена смета дека нејзините грешки не се ништо сериозно, а воедно дека секоја нејзина желба или каприц мора да биде исполнет. Ваквото однесување целосно го одбива секој маж.

2. Целосно зависна

Таа себеси не се смета за убавица и има многу комплекси во однос на нејзиниот надворшен изглед. Оваа дама е спремна да направи сè за оној кој й посветил доволно внимание.

Штом ќе открие дека некој е заинтересиран за неа, овој тип на жена започнува да фантазира премногу. Се чувствува благодарна бидејќи мажот ја води на вечера и на овој начин, ја извлекува од монотоното седење дома пред телевизор. Но, истовремено, тогаш таа започнува да живее за него и за неговите интереси, комплетно заборавајќи на своите желби и живот.

На мажите многу брзо им здосадува да глумат владетели, од кои секогаш се очекува да преземат иницијатива. Мажите сакаат до себе да видат независна дама, наместо жена без сопствени интереси и социјален живот.

3. Проблематична

Овој тип на жена е целосно фокусирана на проблемите во животот, до тој степен што проблемите и неуспесите се нејзина главна тема на разговор. Оваа жена на својот партнер му ги раскажува буквално сите детали од поминатиот ден, раскажува за нејзините женски проблеми, за кои мажот не е потребно толку да знае.

Во крајна сметка, ваквата проблематична жена многу брзо му здосадува на мажот, бидејќи моментите поминати со неа не се позитивни и исполнети со радост, туку со целосна негативна енергија.

Што предлагаат психолозите?

  • Имајте свој став и не дозволувајте мажот да мисли дека ве покорил.
  • Ценете се самите себе и негувајте ја вашата самодоверба.
  • Дајте му простор на вашиот партнер сам да се загрижи за вас.
  • Во ниту еден случај не откривајте пред вашиот партнер дека имате ваши замисли и планови за иднината поврзани со него, доколку сте на почеток на врска.
  • Не ги споделувајте сите работи, оставете простор самиот да ви се јави и да се заинтересира.