Ноктите се една од најзначајните области во козметичката индустрија. Речиси секоја жена сака да има убави и негувани нокти, а тоа придонесе да се развие и зајакне конкуренциајта меѓу бројните отворени козметички салони.

Но, еден козметички салон од Русија дефинитивно нема конкуренција, кога станува збор за измислување на најчудни трендови за нокти.

Салонот е познат како „Сончеви нокти“ (анг. „Nail Sunny“)  и вниманието кон себе го сврте со своите ексцентрични и невообичаени дизајни на нокти, кои ја исполнуваат чудната фантазија на клиентите.

Во продолжение погледнете дел од нивните „најдобри“ изуми, кои придонесоа драстично на салонот да му се зголеми популарноста!