И покрај тоа што одлучи веќе да не зборува со своја сопруга, овој маж веќе 20 години е во брак со неа и заедно имаат три деца.

Јапонецот Ото Јоми престанал да комуницира со својата сопруга, бидејќи е лут, a таа веќе смета дека долго време поминало и веќе нема назад.

Ото со неговите деца си зборува најнормално, но ниту збор не кажува на Катајама- неговата понежна половина.

И покрај неговото некомуницирање, Катајама секогаш се обидува да зборува со својот сопруг, но сè што добива за возврат е кимање со главата.

Ото Јоми признава дека на својата сопруга се лути зошто кога биле децата мали, таа ним им обраќала повеќе внимание, отколку нему.