Влеговме во владеењето на Девиците. Овој хороскопски знак им припаѓа на земните знаци и тој е највнимателен знак на хороскопот кој секогаш обраќа внимание на најмалите детали и внимателно ги анализира сите работи пред да донесе било каква одлука.

Повлечени и воздржани, тие никогаш го немаат главниот збор во општеството. Претставниците на овој знак се интелигентни, критични и прилагодливи, а она што им недостасува е интуиција, имагинација и самодоверба.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

Шестиот пасивен земен хороскопски знак е со променлив квалитет со кој управува планетата Меркур, што го прави овој знак еден од најинтелигентните во хороскопот. Девицата владее со шестата куќа на хороскопот која е симбол за работа, здравје, болка, болест, стоматолог, пациент, аптека, слуги, служба, господар, работник, миленичиња, долги службени патувања, секојдневие, војска, воена посветеност и волонтерска работа.

Не оставаат ништо на случајноста. Тие се многу нежни, но честопати многу затворени за надворешниот свет, па затоа дејствуваат далечно и ладно.

Пред да започнат или емотивна или професионална врска, тие анализираат сè добро. Можеби имаат потешкотии да остварат контакт и да одржат пријателства, а она што може да ги одржи заедно се заеднички интереси и идеи. Девицата е лесна за препознавање, нема да биде гласна или премногу разговорлива, најмногу се држи настрана и тежи сè.