Експертите и лекарите прекумерената дебелина ја вбројуваат меѓу првите најзастапени здравствени проблеми при светската популација. Покрај правилната исхрана и редовната физичка активност, сега постои и еден трик кој ефикасно го забрзува процесот на слабеење, кој возрасните веќе го обожаваат.

Дали е премногу рано да се зборува за вино? Можеби – но ако ви треба малку мотивација за го завршите работниот ден, тогаш ова е вистинската статија за вас.

Доколку некогаш сте почувствувале виновни за консумирање на чаша вино мислејќи на неговата калориска содржина, тогаш новите откритија направени од Универзитетот во Алберта, Канада, може да помогнат во олеснување на таа вина.

Накратко, доколку се трудите да се ослободите од несаканиот вишок килограми, чаша црвено вино е еднаква на 1 час во теретана, велат експертите.

Истражувањето спроведено од кандадскиот Универзитет покажа дека здравствените придобивки од ресвератрол, соединение пронајдено во црвеното вино, се истите како придобивките од вежбањето во теретана. Ресвератролот делува во спречувањето на масните клетки да добијат уште повеќе маснотии.

Оваа добра вест ја поткрепуваат научници од државниот универзитет во Вашингтон и Харвард, кои откриле дека консумирање чаша вино (или две) пред спиење всушност може значително да помогне во слабеењето.

Според истражувања, со пиењето најмалку 2 чаши вино на ден, можете да го спречите зголемување на телесната тежина за дури 70%, а црвеното вино е најдобрата опција поради високото количество на ресвератрол.

Но, за да добиете најдобри резултати, потребно е истото да го консумирате во вечерните часови, при што за ефикасно слабеење ќе мора да ја изоставите навиката на чаша вино за време на ручек.

Воедно, калориите од виното ќе помогнат во спречувањето апетитот во доцните часови, кој се смета за една од најголемите причини за зголемување на телесната тежина.

Не сте целосно убедени? Универзитетот во Данска исто така откри дека луѓето кои консумираат вино секојдневно во умерени количини, имаат тенки половини од останатите кои ја немаат оваа навика.