Највозрасниот жител во соседна Бугарија, секогаш ќе го најдете видно расположен во друштво на своите најблиски и пријателите, со ведар дух и витално здравје во невеорјатна форма!

104-годишниот Стефан Цонев го раскажува неговиот долг и живописен живот, исполнет со многу авантури, поради што посакува да може да живее уште толку години:

Роден е во далечната 1915-та година, во бугарското село Бабук, а уште на 12-годишна возраст започнал да работи како чирак во локалниот занаетичиски бизнис. Таму набрзо ја совладал професијата на ковач, која му била почетна работа. Подоцна отворил сопствена работилница.

Се пензионирал во 1970-та година, но неговиот живот никогаш не бил здодевен. Изградил 3 куќи, воспитал три ќерки и еден син, при што денес дедо Стефан се радува на пет внуци, 6 правнуци и една пра-правнука.

Тајната за неговата долговечност, според неговите зборови се крие во „чистиот“ живот, со многу малку консумирање алкохол, никакво пушење цигари, а консумирање квалитетно месо, а во последно време и повеќе млеко и сирење. Стефан никогаш нема боледувано, велат неговите најблиски, освен неколку обични настинки.

По карактер е исклучително весел човек, кој уште сега го планира неговиот 105-ти роденден.