Во минатото седата коса била поврзана со мудрост и знаење. На многу места, се уште е така, барем за мажите. Но, нашето општество сѐ уште има колективен проблем со процесот на природното стареење на жените па така бојадисувањето на косата по првото седо влакно се смета за „неопходно“ за огромното мнозинство жени на возраст под 60 години. Сепак има жени кои не сакаат да ги следат овие правила и самоуверено ја покажуваат својата „сребрена“ коса. И ова воопшто не изгледа лошо, туку им дава нов шарм и мудрост на целокупниот нивен изглед. Дали се согласувате?