Еликсири на младоста, формули со 5 ѕвезди што прават чуда на кожата…Која е тајната на овие козметички производи и зошто тие се најскапите во светот?

Во продолжение прочитајте што ги прави овие луксузни производи ексклузивни, а кои можат да се најдат на врвот на полиците во козметичкото катче на сите славни дами:

1. Интензивната регенеративна крема „La Crème de la Mer“, (500 мл за 2000 евра)

Ултра луксузната крема за лице, во својот состав ја вклучува т.н формула „Miracle Broth“, односно чудесна комбинација од морски алги, калциум, магнезиум, бројни витамини, ланолин, цитрус, еукалиптус, минерално масло и др, но што ја прави оваа комбинација волшебна е процесот на изработка наречен биоферментација. Овој состав ја поттикнува регенерацијата на кожата и создава интензивна хидратација. Производот е толку ефикасен што само при провото нанесување на кремата, кожата започнува да се подмладува веднаш.

2. Клеточниот ноќен еликсир на база на редок платинум „La Prairie“, (20 мл за 1100 евра)

Под раководство на реномираниот Д-р. Пол Ниенхенс, експерт во областа на регенерацијата и клеточната терапија, е создаден овој специфичен производ наречен „La Prairie“. Производот е дел од научните откритија на брендот, а доаѓа со неколку ефекти: Хранливост, дишење, детоксикација и имунитет. Овој скапоцен еликсир ја поттикнува детоксикацијата на кожата, им дава живот на запоставените клетки, ја подобрува еластичноста и резултатот на подмладената кожа, клиентите можат да го видат веќе следното утро.

3. Третманот од серуми против стареење „Orchidée Impériale Black“, од Герлан, (1 серум за 1300 евра)

Спакуван во 4 форумули оценети со 5 ѕвезди, третманот против стареење на францускиот бренд Герлан бара негова 4-неделна употреба за комплетирање на целта. Коктелот од моќни состојки неверојатно брзо го поттикнува повторното раѓање на кожата, со помош на т.н технологија „Blackimmune“. Регенеративните серуми ја затегнуваат текстурата на кожата, ги бришаат линиите на брчките и ја измазнуваат целата површина. За време на втората недела од користењето, кожата станува посветла благодарение на технологијата при која се емитира лесен парфем од орхидеја. При крајот од третманот, кожата изгледа неверојатно негувано, а притоа изгледа зацврстена.

4. Парфемот Шанел бр. 5, (900 мл за 6000 евра)

Претставен на јавноста во далечната 1921 година, без сомнение, Шанел бр.5 е најпознатиот парфем на светот. Се прашувате зошто? Парфемот е создаден лично од основачката на модната куќа, Габриел Шанел, а е инспириран од реткоста и моќта, „парфем за жените за да ја долови природата на истите“.

Во неговата оригинална верзија од 900 мл, парфемот е најбараниот производ кој секој колекционер се бори да го има во својата колекција. Се произведува само преку специјално барање, а гламурозното шише содржи ноти на нероли т.е масло од посебни портокали, јасмин специјално наберен од Грас, гратче при Француската ривиера. Самото шише се затвора со рачно изработена тенка гума. Повеќе од 1 век, овој парфем најдобро ги претставува корените на женската историја. Едно шише чини околу 6.000 евра.

5. Осветлувачкиот третман против стареење „LUNAR 28“, од 111 Скин, (1200 евра)

Како вистински борец за правата на жените, брендот 111 Скин, се инспирираше од месечевите циклуси за да го создаде својот иновативен третман наречен „LUNAR 28“, производ за интензивна нега на кожата, која треба да се нанесува во период од 28 денови, период во кој кожата ќе ја врати својата беспрекорност и сјај. Најпрво, серумот со ензими ја корегира текстурата на кожата. Во втората недела се користи осветлувачкиот серум, која ја збогатува и осветлува кожата, а воедно ги отстранува сите дамки и брчки од нејзината површина. Во третата недела, се користи дневниот осветлувачки серум. Крајната фаза е одбележана со нанесување на сериумот кој ја заштитува кожата, односно го штити епидеримисот од идни оштетувања за време на месечевите фази.