Факт е дека ниту еден човек не се вљубува во хороскопскиот знак, туку во самата личност. Но, сепак некои врски иако на почетокот биле бајковити, сепак не успеале, поради спротивностите меѓу партнерите.

Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).

Еве кои 3 парови, според хороскопот се најмногу спротивни и кои едноставно немаат големи шанси за успешна заедничка иднина:

1. Овен и Девица

Девицата е доследна во работите што ги прави и многу организирана, додека пак Овенот е импулсивен и емотивен. Девицата постојано ќе се обидува да го промени Овенот, но тој нема да дозволи никој да му се меша во животот, бидејќи ја сака својата слобода. Овенот сака да биде во центарот на вниманието, да патува, да се движи, додека пак Девицата го претпочита спокојството и мирот.

2. Близнаци и Скоприја

Близнаците се често насмеани личности и големи оптимисти, додека пак Скоприите често прават драми од ништо. Близнаците претпочитаат целиот живот да им биде забава, додека Скорпиите се сметаат за песимисти и затоа оваа врска нема големи шанси за успех.

3. Водолија и Рак

Ракот претпочита неговиот живот да биде со голема сигурност, додека пак Водолијата го поминува поголемиот дел од времето сонувајќи со отворени очи, при што често лета во облаци. Додека Ракот го обожава домот, Водолијата сака да патува по светот и ваквата драстична спротивност нема заедничка иднина.