Секој хороскопски знак има позитивни и негативни карактеристики, само што некои од нив доаѓаат до израз повеќе од другите. За овие 2 хороскопски знака нема никој поважен од нив самите. Нивните желби и потреби се секогаш на прво место и во тоа не гледаат апсолутно никаков проблем!

1. Јарец

Со луѓето родени во овој знак тешко ќе знаете на што сте. Тие сакаат да имаат сè под контрола и се прилично студени. Кога не се добро расположени, подобро е да не бидете во нивна близина. Тие се склони кон ненадејни промени во расположението. Сепак, не сметаат дека тоа е негативна карактеристика, тие се такви какви што се и очекуваат другите да ги прифатат.

2. Лав

Лавовите отворено ќе ви кажат зошто мислат дека се подобри од вас и ако се обидете да им противречите, тие прилично ќе ве навредат. Злото што се појавува кај Лавовите всушност произлегува од нивниот егоцентризам. Тие сакаат светот да се врти околу нив, и ако не го сторат тоа, им станува непријатно. Тие се всушност самите на себе најголеми обожаватели.