42-годишна неименувана жена од Иран посетила дерматолог, жалејќи се на нејзините непца, бидејќи биле отечени и започнале да растат. Следната содржина не се препорачува за оние со слаб стомак!

Нејзините непца започнале да растат веќе 6 недели, а започнала да страда од често крварење од носот и чирови кои на еден начин започнале да и го “јадат” лицето, а поради неподносливта болка жената решила конечн да посети лекар.

Кога отишла на лекар, тамошните специјалисти биле шокирани од нејзиниот изглед. Веќе претпоставувале за што станува збор, бидејќи нејзините непца асоцирале на познатото овошје, па така и откако ја прегледале подетално, на жената и била дијагностицирана ретката состојба наречена “strawberry gingivitis” или преведено, воспаление на непцата кое наликува на јагоди.

Отечените непца на кутрата жена наликувале токму на јагоди.

Кога ткивото на непцата започне да ги надраснува и прекрива забите, таа состојба вообичаено е позната како  “gingival hyperplasia”, а најчесто ваквата хиперплазија е предизвикана од лоша и нередовна орална хигиена.

Така. при подобрувањето на хигиената овој проблем се решава, но во случајот на воспалението кое наликува на јагоди, лекарите не знаат што го предизвикува истото.

За оваа ретка состојба, познато е дека претставува болест при која имунолошкиот систем ги напаѓа крвните садови, при што циркулацијата започнува полека да се намалува, што пак доведува до воспаление и појавување на чирови.