Благодарение на неговите чудесни својства, мајонезот совршено ја потхранува, обновува и навлажнува сувата коса. Неговата редовна употреба во форма на маска ќе додаде волумен на косата и истата ќе заблеска.

Токму сите овие својства, оваа реши да ги тестира и докаже следната девојка. Таа имала сува и безживотна коса и еве што направи.

Нанесе мајонез врз нејзината коса и истата ја завитка во капа за туширање, а на крај и во крпа.

По 20 минути ја изми својата коса со шампон без парабени и ја исуши со фен.

„Не можам да престанам да ја галам мојата коса. Чувството е неверојатно.“- вели воодушевената девојка.

Пред да започнете со третманот, потребно е да го извадите мајонезот од ладилникот и да почекате да достигне до собна температура. По еден час, може истиот да го нанесете.