Рецептите на Интернет се чудесни помошници во нашето секојдневие, но дали е правилно да го испробаме и послушаме буквално секој совет на кој ќе наидеме таму?

За 22-годишната Бетани Розер, од Редич, Англија, токму еден таков рецепт, имаше неверојатно штетни последици врз истата.

Во Вторникот, младата девојка решила да си приговти специјалитет и сето ќе било според плановите, доколку Бетани не решила да приготви јајца во микробранова печка.

Наместо вкусен деликатес, младата Британка се здоби со изгореници по лицето и го изгуби видот на едното око.

Пред да започне со подготовка на јадењето, Бетани проверила на Гугл дали е навистина возможно да се приготвата јајца на овој начин. На една од Интернет страните на која наишила, пишувало дека методот е сосема безопасен, но важно е јајцата да не се скршат и затоа треба да се додаде сол во водата. Девојката така и направила.

Следејќи ги инструкциите, таа ги поставила јајцата да се готват 6 минути, при моќност од 900 вати. По изминатото време, девојката тргнала да ги извади јајцата од микробрановата печка и во тој момент, јајцата експлодирале, оставајќи й изгореници на Бетани по целата десна страна од нејзиното лице. Таа веднаш повикала брза помош, а додека чекала, ја намокрила кожата со ладна вода.

„Кога тргнав да видам дали јајцата се готови и да ги извадам, тие буквално експолодираа до моето лице“- вели Бетани.

Девојката веднаш била однесена во болница, а по соодветниот третман, според лекарските прогнози, Бетани ќе нема белези по лицето, но сè уште не е јасно што ќе се случи со видот на едното нејзино око.