“Еднаш му реков на мојот близок пријател дека би било навистина убаво да се види албино девојка на насловната страна на Вог. Никогаш не ни претпоставував дека таа девојка ќе бидам јас!”

Запознајте ја Тандо Хопа, јужноафрикански модел, активист и адвокат, а воедно и првата албино ѕвезда која ја краси насловната страна на светско познатото модно списание, Вог.

Со очите нежно затворени и главата поткрената кон бесконечното небо, Тандо Хопа на највеличествен начин ја претстави ретката болест наречена албинизам, при која албино луѓето се соочуваат со екстремно намалено ниво на пигмент.

Јужноафриканскиот модел ја краси насловната страна на португалскиот Вог, а ја толкува и главната улога во внатрешниот едиторијал насловен како “Татковината Африка”, во кој се зборува за Африка како лулка на хуманоста.

Тандо е преплавена со емоции, бидејќи со оваа насловна страна направила голем чекор за сите албино луѓе да се прифатат себе си и да бидат прифатени од сите други луѓе.

“Пресреќна сум што имам кариера во која јас сум ценета, во која јас како една албино девојка сум доволна и нема потреба да се менувам”– напишала Тандо на нејзиниот Инстаграм профил

Ретката состојба поради која нивното на пигмент е редуцирано на екстремен минимум ги остава албино луѓето со мала количина на пигмент во очите, на косата, трепките и кожата.

Но и покрај тоа, албино луѓето, исто како и луѓето што страдаат од витилиго се повеќе се прифатени од светот, а особено модната индустрија ја слави нивната уникатна и волшебна различност.

Еве како изгледа фотосесијата на Тандо, која вистински воодушевува:

Фотографиите се превземи од официјалната страна на Вог Португалија.