По бројните трендови, овој пат, срцето на дамите и фризерите ширум светот го освои една многу посебна нијанса, а која совршено им прилега и на русокосите, како и на бринетите.

Станува збор за т.н нијанса на „препечен кокос“, која претставува комбинација од бисквитните и тоновите на леденото кафе.

Со настапувањето на есента, „препечениот кокос“ е совршен избор за дамите кои веќе подолго време сакаат да направат промени во нивниот изглед, односно сакаат да изгледаат отмено и модерно, а притоа бараат промена која совршено ќе се вклопи во нивното секојдневние.

Во продолжение погледнете ги сите варијанти на оваа уникатна и најактуелна нијанса: