Тажната реалност е дека постојат милиони напуштени кучиња на улиците, оставени сами да преживуваат во овој суров свет. Ова е неверојатната приказна за еден таков борец кој поминал низ пекол и сега неговата трансформација е неверојатна.

Бројката на напуштени улични кучиња постојано се зголемува поради преголемата неодговорност на многу сопственици и несовесни луѓе.

Истовремено, вдомувањето на улично куче е хуман гест од џиновски размери, бидејќи вдомувањето значи спасување на еден невин живот и давање втора шанса. А воедно, тоа ќе значи дека сте стекнале крзнен пријател за цел живот.

Пиа е жената-ангел, која го пронашла ова напуштено и болно куче во нејзиното соседство, а кое било пред умирање. Веднаш штом го здогледала, Пиа започнала да плаче, прашувајќи се како никој не му помогнал.

Кутрото куче било премногу слабо, ребрата му се познавале, воопшто немало сила и ги имало најтажните очи на цел свет.

Пиа веднаш го земала кучето и го однела на ветеринар, каде што и било кажано дека доколку кучето успее да ја преживее неделата, можеби и би имало шанси да заздрави.

Жената го однела кучето во нејзиниот дом, му давала вода на секои три часа и се трудела да го натера да касне барем малку храна.

Во наредните денови, кучето се уште било премногу слабо, при што изгубило дополнителни килограми. Но, сепак среќата му се насмевнала и кучето преживеало.

Инспирирана од неговата храброст, Пиа на својот нов миленик му го дала името Херкулес, а еве ја неговата неверојатна трансформација: