Ова се најдобрите природни техники за прочистување на вашите бели дробови од катран и никотин
Се чини дека денес секој знае за тоа колку ужасни се цигарите, а сепак милиони луѓе продолжуваат секојдневно да пушат. Дури и ако не можете веднаш да ги оставите цигарите (што всушност и не е толку тешко), сепак е многу важно да ги прочистите вашите бели дробови од наталожениот катран и никотин.
Не постои лек кој целосно ќе ве прочисти од насобраните отрови во белите дробови, но постои листа на прехранбени производи кои се одлични за тоа.
Пченка
Пченката содржи бета-криптоксантин, моќен антиоксиданс и богат со витамини. Сепак, важно е да внесувате свежа, органска пченка, а не органски модифицирана.
Бразилски ореви
Бразилските ореви се сметаат за еден од најголемите извори на селен во споредба со другите видови храна. Селенот исто така е многу моќен антиоксиданс.
Кромид
Кромидот е прекрасен природен антибиотик кој ги прочистува дишните патипишта, а помага и при лекување на други заболувања.
Ѓумбир
Ѓумбирот со илјадници години се употребува како природен лек. Тој може да биде исклучително полезен за вашите бели дробови ако го конзумирате како чај, бидејќи ги отвора дишните патишта. Се разбира, може да го употребувате и како зачин, доколку ви се допаѓа неговиот вкус.
Портокали
Портокалите се одличен извор на криптоксантин кој помага да се намали ризикот за заболување од рак на белите дробови.
Коприва
Копривата е полна со железо, коешто игра значајна улога во борбата со инфекциите.
Чaј од борови иглички
Чајот од борови иглички традиционално се употребува за плакнење на устата и грлото, поради неговите антисептички својства.