За денес ви откриваме кои видови на храна се сметаат за најопасни во светот, на кои треба да внимавате или да ги приготвувате со огромна внимателност, бидејќи може да предизвикаат труење, со фатални последици.

1. Овошјето „аckee“

„Ackee“ е популарен вид на овошје на Јамајка. Доколку планирате патување на оваа прекрасна и егозтична дестинација, тогаш потребно е во предвид да ја имате оваа информација. Додека плодовите правилно не созреат, консумацијата на овошјето може да предизвика повраќање, а во најлош случај, и смрт.

2. Корен од касава

Коренот од касава е одличен додаток во карипските специјалитети, но со истиот не треба да се ракува толку лесно. Доколку коренот не е правилно и доволно термички обработен, тогаш луѓето може да се соочат со труење од цијанид.

3. Фугу

Јапонската риба фугу е вистински кулинарски деликатес во Азија, но за истата е потребна внимателна подготовка. Нејзиното месо содржи тетродотоксин, односно отров кој доведува до смртни последици. За нејзината подготовка, готвачите поминуваат низ специјална обука за да научат како да го отстранат отровот од рибата, пред истата да ја сервираат на гостите.

4. Крвава школка

Овој вид на школки се особено популарни во Кина, поточно во Шангај, но насладувањето на истите може да пренесе хепатитис А и Е и затоа се строго забранети уште од 1988-та година. Но, благодарение на илегалниот пазар, крвавите школки може да се пронајдат и пробаат на одредени места.