Иако веруваме дека ниту еден пар не стапува во брак, со цел подоцна да се разведе, сепак разводите во денешно време воопшто не се табу тема и се случуваат многу почесто.

Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).

Исто така, во предвид земете ги и советите од ѕвездите, па доколку сте родени во еден од овие хороскопски знаци, размислете внимателно пред да одлучите да стапите во брак затоа што имате поголема шанса да се разведете:

1. Близнаци

Неодлучните Близнаци еден ден сакаат едно нешто, а веќе следниот ден, сосема друго, па токму затоа што со нив никогаш не знаете што да очекувате, ги става на првото место на оваа листа. Исто така, тие имаат тенденција да ги идеализираат своите партнери, поради што подоцна лесно може да се разочараат кога ќе сфатат дека истите и не се толку совршени, како што тие ги замислиле во својата глава.

2. Водолија

Водолиите ја сакаат својата независност и се чувствуваат најдобро кога се сами, поради што се сметаат за најосамен хороскопски знак. Доколку почувствуваат дека врската или бракот ги влече надолу, тогаш големи се шансите за брзо време да стават крај на романтичниот однос, затоа што за нив слободата е на прво место.

3. Јарец

За разлика од Близнаците и Водолијата, Јарецот вообичаено не е тој што прв бара развод, но брзо станува причината за крај на бракот. Односно, луѓето родени во овој знак се обидуваат да ги импресионираат своите партнери сè додека не го добијат она што го сакаат, што обично е брак и тогаш престануваат да се обидуваат целосно, што пак ги иритира нивните партнери.