Извонредната фотографија, воедно и прва од црната дупка, на која е прикажан ореол од прашина и гас, оддалечени 500 трилиони километри од Земјата, беше објавена вчера, е еве која жена е заслужна за овој историски момент.

Додека сите пишуваат за историската фотографија, сметаме дека е од исклучителна важност да се спомне и жената која е заслужна за нејзиното настанување.

Станува збор за 29-годишната Кејти Буман, компјутерски научник, кој вчера се здоби со признанија од целиот свет, за нејзинот извонреден труд.

Кејти го предводеше развојот на компјутерската програма со која создаде алгоритам, со чија помош беше направена првата фотографија од црната дупка.

За Д-р Буман, создавањето на претходната фотографија беше нешто недостижно и невозможно.

Исчекувајќи го раѓањето на овој прекрасен и историски момент, Кејти беше сликана како нестрпливо го очекува очитувањето на фотографијата на нејзиниот лаптоп.

“Гледајќи со неверување како првата фотографија некогаш направена од црната дупка, што воедно ја направив јас, е во процес на реконструкција”– напишла во описот младата Буман.

Фотографијата од црната дупка, снимена со телескопот Ивент Хорајзнт- мрежа од 8 поврзани телескопи, беше направена со помош на алгоритмот кој го создаде Д-р Буман.

Црната дупка е подрачје во простор-времето од кое ништо не може да избега, дури ни светлината.

Во историскот час кога фотографијата беше претставена пред светот, Кејти Буман стана светска сензација и нејзиното име денес е најзборуваното на социјалните мрежи и тоа со големо право.

Покрај светските призанија од бројни реномирани организации и научници, Кејти постојано добива комплименти и позитивни реакции и на социјалните мрежи, особено од женскиот род.

Скромноста на Кејти подеднакво е голема, па така таа инсистира заслугата за фотографијата да ја подели со својот тим, при Универзитот за математика и наука во Калифорнија, каде Кејти Буман е асистент.