Според Карл Јунг, типот на луѓе кои поседуваат уникатни комбинаци на одлики, кои вклучуваат, меѓу другото, затвореност, чувствителност и праведност, го сочинуваат само 1% од населението. Овие луѓе по природа се смирени и уверени во своите верувања.

Исто така нивна изразена карактеристика е тоа што секогаш се подготвени да им помогнат на другите луѓе. Овој уникатен тип на карактер е обележан со кратенката INFJ, а откриен е со тестот Myers Bridges создаден од познатиот психијатар Карл Јунг.

Денес, овој тест го проценува психолошкиот профил на една личност и нејзиното созревање. Со своите четири скали, можеме, на пример, да разбереме како гледаме на светот, како го согледуваме она што нè опкружува и како се однесуваме едни со други.

Тестот се заснова на 8 типа на екстравертни карактери и 8 интровертни типови на личност, а INFJ е најневообичаен од сите. Ова се главните карактеристики на таквите луѓе:

1. Тие се фокусирани на помагање на другите

Тие имаат идеалистички пристап и силно чувство за доброто и злото. Една од нивните најексплицитни цели е да им помагаат на другите, но не се ограничени на „спасување“ на луѓе од тешки ситуации, туку и да ги инспирираат, да им помагаат во самоподобрување и развој. Тие склопуваат пријателства многу лесно и се одлични во меѓучовечките односи.

Сепак, многу се грижат за времето поминато во интеракција со другите. За да ја обноват својата енергија, им треба доза на личен простор и осаменост.

2. Знаат да сонуваат

INFJ се немилосрдни сонувачи. Сепак, нивните соништа не спаѓаат во категоријата чудесни и невозможни, како обичните пасивни сонувачи, чиј идеализам е толку лесен и кревок, што дури и силен налет на ветер може да го однесе. Сосема спротивното. Тие сонуваат конструктивно и наменски, често реализирајќи ги своите соништа.

Во работната средина, овие луѓе секогаш покажуваат независност, ориентација кон целта, висока креативност и висока интуиција. Тие исто така често се интересираат за уметност и наука.

3. Нивниот ентузијазам и идеализам можат да бидат исцрпувачки

Луѓето со ваков тип на карактер имаат само еден вистински проблем: Општеството. Во денешниот свет, полн со неправда, затворени врати и ѕидови што сите мора постојано да ги надминуваме, не е тешко да се разочараме од сопствените напори. Затоа, честопати се случува луѓето од овој тип да се откажат и да престанат да се борат некое време – едноставно затоа што е физички и емоционално крајно исцрпувачки.

„Секоја личност мора сама да одлучи што треба да следи – Светлината на креативниот алтруизам или темнината на деструктивниот егоизам“- рече еднаш Мартин Лутер Кинг.

Овие луѓе, кои не сочинуваат повеќе од 1% од вкупното население на Земјата, носат светлина во темнината околу нас. Тоа се луѓе со јасни идеи, сонувачи кои имаат цел и идеалисти кои навистина сакаат да ги направат луѓето околу нив барем малку подобри.